Откако кошаркарите на САД го освоија олимпиското злато по петти пат по ред, дојде до промена на клупата на нивната репрезентација. Долгогодишниот селектор Стив Кер одлучи да се повлече од таа функција, а на негово место треба да дојде шефот на стручниот штаб на Мајами Хит, Ерик Споулстра.
Како што изјави Еван Сидери од The Forbes, Стив Кер нема намера да остане селектор на Американците, откако по многу мака успеа да ја одбрани титулата во Париз, а очигледно веќе е познат неговиот наследник.
„Стив Кер најверојатно ќе се повлече од функцијата главен тренер на тимот на САД, што значи дека ќе биде потребен нов водечки глас за Олимпијадата 2028 година во Лос Анџелес. Ерик Споулстра се смета за силен внатрешен фаворит за да стане следниот тренер на тимот на САД по Грег Попович и Кер“, истакнува Сидери.
Steve Kerr is likely to retire as Team USA head coach, which means a new lead voice for 2028 in Los Angeles.
— Evan Sidery (@esidery) August 11, 2024
Erik Spoelstra is viewed as the strong internal favorite to become Team USA’s next in line following Gregg Popovich and Kerr. pic.twitter.com/njYm4I8Cfx
Стив Кер е четирикратен НБА шампион со Голден Стејт Вориорс, пет пати ја освојувал титулата како играч, додека со репрезентацијата има два златни олимписки медали (Париз 2024, Токио 2021).