Фудбал

Goal: Сари веќе го отпиша Манџукиќ

8. јули 2019 - 10:38 | А.С.

Можно е Јувентус да ја почне следната сезона без хрватски фудбалери во своите редови.

Италијански Goal објави дека во Торино веќе се отпишани Марио Манџукиќ и Марко Пјаца и дека новиот тренер Маурицио Сари веќе им порачал да си бараат нови клубови.

Манџукиќ кај Масимилијано Алегри беше еден од клулните играчи, но со доаѓањето на Сари неговиот статус се промени.

Сари го гледа Кристијано Роналдо, најголемата клупска ѕвезда, на местото на „деветката“.

Се шпекулираше дека Сари би сакал да го има Манџукиќ како резервен напаѓач, но тоа не им одговара ни на хрватскиот репрезентативец, ни на Јувентус кој се обидува да собере пари за да го донесе Матијс де Лигт.

Goal шпекулира дека можно е Манџукиќ да се врати во Бундеслигата.

Пјаца се врати во Торино откако помина година и пол на позајмица во Шалке и и во Фиорентина.

Сарти не смета на 24-годишниот Хрват кој стигна во Јувентус во 2016 година како најскапиот играч на Динамо на сите времиња и кој уште на самиот старт во Торино се соочи со повреда и не играше една година.

Договорот со Јувентус му трае уште две години, а веќе се зборува дека можно е да замине во Верона, Сасуоло или во Удинезе.

Според Goal, покрај Манџукиќ и Пјаца, отпишани се и Матија Перин, Сами Хедира и Гонзало Игуаин.

Коментирај