ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ Скопје денеска упати демант во врска со информациите во одредени медиум дека постои листа на чекање за итни хируршки интервенции.
„ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје е Covid болница со одлука на Министерството за здравство и остануваме посветени на лекувањето на нашите граѓани“, стои во демантот што го потпишува директорот, проф. д-р Христијан Костов.
Сите пациенти кои имаат потреба од елективни хируршки интервенции се известени дека во моментот ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје не е во можност да работи во претходни услови (Мој термин), се наведува во соопштението.
На нашите пациенти им благодариме на разбирањето и поддршката која ни ја даваат, нагласуваат од Менаџментот на болницата.