„Година на мајмунот“ утревечер го отвора Скопје филм фестивал

Скопје, 18 април 2018 (МИА) - Во кино „Милениум“ утревечер  премиерно ќе биде прикажан македонскиот игран филм „Година на мајмунот“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски и во продукција на „Панк филм“.

Новиот филм на Блажевски, со кој ќе биде отворен 21. Скопје филм фестивал, е црна комедија, копродукција меѓу Македонија, Србија, Словенија и Косово. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во актерската екипа се и Марија Кон, Решит Береда, Рефет Абази, Тања Кочовска, Петер Елиот. Директор на фотографија е Димо Попов. Филмот се снимаше во 2016 година на 80-ина локации низ Македонија.

Главни протагонисти во филмот се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје, и шимпанзото Коко, жител во градината. Филмот е приказна за бегањето на Коко „од ропство во слобода“ поради што Цобе ќе биде отпуштен со ветување дека ќе го вратат на работа доколку го пронајде и донесе назад избеганиот мајмун.

Се крева голема медиумска врева околу избеганото шимпанзо. Коко станува симбол на отпорот и слободарски стремежи, некој што успеал да излезе од магичниот круг на општата ентропија. Така, спасувачката мисија на Цобе за фаќање на шимпанзото ќе стане и предавничка.

По официјалната премиера, „Година на мајмунот“ од 20 април ќе продолжи да се прикажува во киносалите на „Синеплекс“, а светска премиера ќе има на 23 април на Московскиот меѓународен филмски фестивал.

За 21-то издание Скопски филмски фестивал нуди исклучително богата програма и содржини во чии рамки ќе понуди повеќе од 50 филмови, работилници, гостувања на нови европски филмски имиња, како и филмска ретроспектива на Алфред Хичкок.

Филмовите се  распоредени во седум програми, меѓу кои се: Програма на авторски филм, Панорама на светски филм, Македонска продукција, Фокус на француски филм, Програма на Европски филм, Ретроспектива на Хичкок, а од годинава организаторите ја најавуваат и новата фестивалска програма Квир фокус.

До 26 април, публиката на Скопје филм фестивал, во Програмата на авторски филм, чиј селектор е Татјана Јаневска, ќе може да го види „Вина“ на Густав Мулер, кој освои награди на фестивалите во Ротердам и Санденс. Новиот филм на Паоло Тавиани „Виножито, приватна афера“, а го имаме и филмот што освои 5 награди „Цезар“ на Алберт Дупонтел „Ќе се видиме таму“.

Во програмата Панорама на светски филм, во Скопје ќе бидат прикажани филмовите како норвешкиот „Телма“во режија на Јоаким Трир, мароканска драма „Разиа“, потоа аргентискиот „Самит“ на режисерот Сантијаго Митре.

Годинава, фестивалската публика ќе може да ги види и најдобрите француски филмови во програмата Фокус на францускот филм, чиј што селектор е Навид Сарем а во рамки на програмата на Краток филм селекторите Владан Петковиќ и Алексеј Дмитров ги избраа најинтересните краткометражни филмови

Во програмата Европски филм, на ова фестивалско издание ќе бидат прикажани четири филмови, меѓу кои „Pure Hearts“, „Valley of shadows“ и бугарскиот филм „3/4“ на режисерот Илиан Митев, кој победи на фестивалот во Локарно.

Од оваа година, Скопје филм фестивал започнува со реализација на програмата „Квир фокус“ во која ќе бидат прикажани филмови што одбиваат да бидат невидливи и што смело ќе прераскажуваат приказни што креираат еден нов културен простор. Низ политика на репрезентација преку филмската уметност, фестивалот ќе направи обид да отвори теми кои извираат од квир културата, да преиспитува контексти, искуства и идеи низ филмскиот кадар ида создаде инклузивно место каде што ќе се артикулираат гласови од маргините. И кога тие гласови се чуени, се дава можност да станат дел од култура која менува, култура на отпор која го обликува општеството во кое едни ќе учат за постоењето и прифаќањето на различностите, додека други ќе учат да го заборават досега наученото за да почнат да се сакаат себеси. Без некоја посебна тематска одредница, со неколку филма организаторите ќе се обидат да отворат теми како што се: репресираната хомосексуалност, себеугнетувањето и скриеноста, отуѓувањето на квир субјектите и нивните идентитети во дигиталниот простор, угнетувачкиот и исклучувачки карактер на хетеронормативните семејни вредности и религијата, па сѐ до приказ на еден провокативен антиестаблишментски радикален лезбејски феминизам. Селектор на оваа програма е Александар Ковачевски.

Во програмата Македонска продукција фестивалот ќе прикаже вкупно 8 македонски филмови.

Скопски филмски фестивал за својата публика подготви Ретроспектива на Алфред Хичкок, во рамките на која ќе бидат прикажани пет негови филмови.

Во рамки на годинашново издание на Скопски филмски фестивал во ќе се одржи работилница и промоција, како и разговори со гостите од странство.

Автор на плакатот за годинашното издание на фестивалот е младиот македонски дизајнер Ѓорѓи Десподов.

Програмите на 21. издание на Скопје филм фестивал, од 19 до 26 април ќе се одржуваат во кино „Милениум“, Кинотека на Македонија и кино „Фросина“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе