Новиот филм за епската битка на Годзила и Кинг Конг растура на бокс-офисот, па тимот на Screen Junkies реши веднаш да направи и искрен трејлер.
Предупредување: Доколку го немате гледано филмот, овој искрен трејлер содржи куп спојлери!
„Godzilla vs. Kong“ својата премиера во САД ја имаше на 31 марил, додека недела дена претходно се појави во други делови на светот. Само во првите пет дена од прикажувањето во САД оствари рекордна заработка од 48,5 милиони долари, додека на светски рамки заработи 236 милиони долари.
Филмот е во режија на Адам Вингард, а во главните улоги се Александер Скарсгорд, Мили Боби Браун, Ребека Хол, Брајан Тајри Хенри, Шун Огури, Ејза Гонсалес, Џулиан Денисон, Ленс Редик, Кајл Чендлер и Демјан Бичир.
Филмот е продолжение на „Godzilla: King of the Monsters“ од 2019 и „Kong: Skull Island“ од 2017. Тој е 36-ти филм во Годзила франшизата и 12-ти филм во Кинг Конг франшизата.