Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Макфакс/Кајгана
/ 14.05.2024 / 09:30

Марк Печи, поранешен британски тенисер и поранешен тренер на Енди Мареј, зборуваше за Новак Ѓоковиќ и можноста тој да се пензионира по Олимпијадата во Париз оваа година.

Ѓоковиќ не е во добра форма од почетокот на сезоната, има две полуфиналиња и два пораза во трето коло на мастерсите, па многумина зборуваат за можноста наскоро да се пензионира.

Марк Печи го спореди со Пит Сампрас и најави дека очекува Ѓоковиќ да се пензионира по Олимпијадата во Париз.

„Дали некој сè уште верува дека Новак ќе има голем обид на Олимписките игри за тој еден трофеј што го нема и потоа ќе се збогува со тенисот? Тој почнува да ги има оние вибрации на Пит Сампрас од 2002 година. Тој сè уште е меѓу фаворитите за Ролан Гарос и Вимблдон, но за да биде толку голем толку долго бара невидена жртва“, напиша Марк Печи.

URL

Британецот потсети на деновите кога Сампрас се обидуваше да остане на врвот по освојувањето на 13. Грен слем во 2000 година на Вимблдон. Американецот се пензионираше две години подоцна, откако го освои 14. Грен слем трофеј на УС опен. После тоа не играше 12 месеци, за да го потврди своето пензионирање во летото 2003 година, пред турнирот во Њујорк.

Ѓоковиќ моментално има 24 Грен слем трофеи, но го нема олимпиското злато кое долго и многу го посакува.

 

реклама

Тенис

Надал поради Олимпијадата го пропушта Вимблдон

Read more

Ѓоковиќ повеќе не е најдобар: Синер е прв, Алкарас втор, а Ноле падна на 3. место

Read more

Прва фотка од Ѓоковиќ по операцијата: На патерици се прости од Париз

Read more

Ѓоковиќ oпериран во Париз – го пропушта Вимблдон, во прашање Олимпијадата

Read more
 

Спорт

Надал поради Олимпијадата го пропушта Вимблдон

Читај повеќе

Милан го потврди ангажманот на Фонсека

Читај повеќе

Неверојатен потег: Грузиец одби да игра на ЕУРО за да оди како навивач

Читај повеќе

Пелистер е меѓу 12-те клубови кои побарале вајлд карта за Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Вест стана логото на НБА?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бостон и третпат го победи Далас и дојде на чекор до рекордната титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Титмус постави нов светски рекорд на 200 метри слободно

Читај повеќе

Нема одобрение од родителите - нема да игра на Копа Америка

Читај повеќе

Македонија ќе има претставници на ЕУРО 2024: Делегат и кондициски тренер на судии

Читај повеќе