Уживал во финалето

Ѓоковиќ го опсипа Меси со куп пофалби

Српскиот тенисер говореше за неодамна завршениот Мундијал, поточно за финалето во кое, како што вели, многу уживал.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ призна дека уживал пратејќи го финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Франција и додаде дека му се восхитува на капитенот Лионел Меси, пренесува британски Express.

Ѓоковиќ во неделата во живо го следеше мундијалското финале на стадионот „Лусаил“ во Доха, кое го доби репрезентацијата на Аргентина совладувајќи ја Франција со 4:2 на пенали откако по 120 минути игра резултатот гласеше возбудливи 3:3.

„Имав голема среќа што бев таму. За многумина тоа е најдоброто финале во историјата на Мундијалите. Какво неверојатно финале, начинот на кој Аргентина го освои, а потоа нивниот дочек во татковината. Сите видовме како беа дочекани во Аргентина, а особено Меси. Беше спектакуларно, искрено, многу уживав. Како љубител на спортот и фудбалот, нормално дека му се воодушевувам на Меси и многу го почитувам“, изјави Новак, кој моментално се наоѓа во Дубаи каде игра на егзибициски турнир на Светската тениска лига.

Британскиот весник потсетува дека Меси и Ѓоковиќ се родени во иста година (1987) и дека и двајцата се борат да бидат најдобрите во историјата на нивните спортови.

„Меси е скромен, човек кој стои на земја и не лета во облаци поради успехот. Она што го постигна сите овие години е пример за сите деца, кои му се восхитуваат и сакаат да бидат како него“, додаде Србинот.

Тој призна дека би сакал да има иста улога како Меси.

„Сакам да верувам дека луѓето, особено децата и младите, се идентификуваат со мене. Се трудам тоа секогаш да го имам во совеста во што и да правам, каде и да одам, што и да зборувам. Ние како спортисти имаме голема привилегија да имаме платформа и да ни се слуша гласот. Овој спорт го следат милијарди луѓе ширум светот. Спортот зборува со универзален јазик, се судира со сите граници. Се надевам дека многу деца ќе го зграпчат тенискиот рекет кога ќе ме видат мене или другите тенисери“, заклучи Ѓоковиќ.

реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Тенис

Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Read more

Ѓоковиќ за односите во регионот: Зошто мора да се бориме едни против други?

Read more

Сензацијата не запира: 361. во светот влезе во полуфиналето на Ролан Гарос

Read more

Посебен трофеј за посебен човек

Read more
 

Спорт

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Читај повеќе

Алиоски потпиша договор со Лугано

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн ја победи Бока, прв пораз за јужноамериканските тимови на Клупскиот мундијал

Читај повеќе

Адеми го раскина договорот со Динамо, веќе има нов клуб

Читај повеќе

Нов шок на Клупскиот мундијал: Ботафого го победи ПСЖ

Читај повеќе

Владе Дивац итно опериран по сообраќајка

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во НБА: Пејсерс се на чекор до чудо

Читај повеќе

Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Читај повеќе

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Читај повеќе