Ѓоковиќ го прозва својот долгогодишен спонзор

Новак Ѓоковиќ јавно го критикуваше сопствениот долгогодишен спонзор, францускиот бренд Lacoste, од кој според договорот заработува 10 милиони евра годишно.

Соработката меѓу Ѓоковиќ и Lacoste трае од 2017 година, кога Србинот го облекуваше јапонски Uniqlo, а сега е незадоволен што опремата во која игра големи турнири не може да се најде во продавниците на францускиот моден бренд ширум светот.

„Не сум задоволен од начинот на кој ја прават мојата маркетиншка промоција. Разочаран сум“, изјави Ѓоковиќ во интервју.

Конкретно, во Лондон додека се игра Вимблдон, во овој град навивачите на еден од најголемите спортисти досега не можат да ја најдат неговата опрема во продавниците на Lacoste.

„Последниве години не ми се допаѓа што многу луѓе ми кажуваат дека не можат да ги најдат моите производи во продавниците на моите спонзори. Некои работи сега се менуваат, но јас сè уште не сум задоволен, бидејќи се може да биде многу подобро“, објасни Ѓоковиќ.

Опремата на Ѓоковиќ може да се купи преку интернет, но тој смета дека треба да се најде и во физичките продавници, а му упати и совети на спонзорот.

„Очекувам моите спонзори да го зголемат нивото на производство и квантитет како и неговата достапност за да можат сите да го купат. Нивото на тенис на кое играм е многу популарно во целиот свет“, додаде Ѓоковиќ, кој е пред нов предизвик на Вимблдон денеска, бидејќи во 16 часот е во четвртфиналниот натпревар против Алекс Де Минаур.

Интересно е што договорот меѓу Ѓоковиќ и Lacoste истекува на крајот на годината, а во оваа прилика Србинот очигледно сакал да испрати одредена порака до седиштето на брендот во Париз, каде сега треба добро да размислат доколку сакаат продолжат да работат со најуспешниот тенисер досега.

По ова интервју многумина се на мислење дека Ѓоковиќ најави крај на соработката, а останува да се види што ќе се случи до крајот на годината, односно до истекот на договорот меѓу двете страни.

реклама

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Read more

Главен виновник зошто не можете да слабеете, а често се игнорира

Read more

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Read more

Рецепт на денот: Пица ролнички со ајвар

Read more

Тенис

Рафа за најголемиот ривал: Би рекол Новак и Роџер

Read more

Познати првите информации за повредата на Ноле и колку ќе отсуствува

Read more

Синер ја одбрани титулата на Австралија опен

Read more

Ѓоковиќ објави слика од повредата: За сите експерти

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе