Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас денеска ќе се сретнат во финалето на тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз.

Дуелот е закажан како втор меч на теренот „Филип-Шатрје“ по дуелот за бронза во женски двојки, а почетокот се очекува околу 14 часот.
Интересно, ова ќе биде дуел меѓу најстариот и најмладиот финалист во тенис на Олимписките игри.
Ѓоковиќ е дури 16 години постар од Алкарас, а двајцата прв пат ќе играат во финалето на олимпискиот турнир.
На 37-годишна возраст, Ѓоковиќ би бил најстариот олимписки шампион во тенис во поединечна конкуренција откако спортот се врати на програмата на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, а Алкарас, на 21-годишна возраст, би станал најмладиот освојувач на златен медал во тенис на Олимпијадата бидејќи би го надминал Швајцарецот Марк Росет, кој Во 1992 година го освои турнирот во Барселона на 22-годишна возраст.
И двајцата тенисери супериорно стигнаа до финалето, без загубен сет. Ѓоковиќ со 2:0 ги победи Ебден, Надал, Кепфер, Циципас и Музети, а Алкарас со ист резултат ги победи Хабиб, Грикеспор, Сафиулин, Пол и Оже-Алјасим.
Ова ќе биде седми пат да се сретнат Ѓоковиќ и Алкарас, а досега и двајцата забележаа по три триумфи, па нема дилема дека денеска во Париз нѐ очекува вистински тениски спектакл.
Директен пренос од финалето во Македонија ќе се емитува на МРТ1 и на МРТ3.