Ѓоковиќ: Ќе се соочам со дилема ако вакцинацијата стане задолжителна

Новак Ѓоковиќ, лидерот на светската ранг-листа, изјави дека ќе се соочи со дилема ако АТП ги задолжи играчите да имаат вакцина пред да се вратат на терен.

– Лично, јас сум против вакцинирање и не би сакал некој да ме натера да се вакцинирам за да можам да патувам. Но, ако овој услов стане задолжителен, ќе треба да донесам одлука. Јас имам свои ставови за ова прашање, но дали ќе се променат сѐ уште е рано да ви кажам. Хипотетички, ако сезоната продолжи во јули, август или септември, вакцинацијата најверојатно нема да биде меѓу барањата за учество на турнири, иако вакцината сè уште не е развиена, рече Ѓоковиќ во разговорот со други српски спортисти на Facebook.

Во март, поранешната лидерка на женскиот тенис, Амели Морезмо рече дека целата сезона во 2020 година може да се откаже и дека нема да има турнири сè додека натпреварувачите не бидат имунизирани против COVID-19. Сепак, според водечките лекари од целиот свет, малку е веројатно дека ваквата вакцина би се очекувала пред 2021 година.

Поради глобалната пандемија на COVID-19, Вимблдон беше откажан за прв пат по Втората светска војна, додека Ролан Гарос беше преместен кон крајот на септември и почетокот на октомври, иако традиционално се одржуваше во мај и јуни.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе