Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека е чест и привилегија да ја претставува својата земја на Олимписките игри и додаде дека ќе се обиде да биде најдобар што може во Париз, од 26 јули до 11 август.

„Да ја претставувате вашата земја на Олимписките игри е чест и привилегија. Олимписките игри се нешто посебно, а самото тоа што сте во тоа село ве прави да се чувствувате особено инспирирани и горди“, изјави Ѓоковиќ за веб-страницата на Светската тениска федерација (ИТФ).
Ѓоковиќ нема златен медал од Олимписките игри, а најголемиот успех го постигна во 2008 година во Пекинг, кога ја освои бронзата.
„Освоив бронзен медал, тоа беше одамна. Сепак, ќе учам од претходните искуства и ќе се обидам да ја задржам рутината за да можам да се претставам најдобро што можам. Имав најголема можна чест да го носам српското знаме. Го немав тоа искуство од церемонијата на отворањето игри од Лондон 2012“, додаде тој.
Ѓоковиќ истакна дека се надева дека ќе има можност повторно да го направи тоа и да ужива во искуството на Олимписките игри, бидејќи, како што вели, тие се посебни.
„Да ја претставувам својата земја е голема чест и да се биде дел од најстарото спортско натпреварување, тоа не може да се спореди со ништо во мојата тениска кариера“, заклучи Ѓоковиќ.
Најдобриот тенисер на планетата е еден од 85-те членови на српскиот тим за Париз.
За разлика од него, кога кошаркарот Никола Јокиќ пред некој ден на прес-конференција беше прашан дали ќе игра за Србија на Олимпијадата, тој ги преврте очите.