Ѓоковиќ: Ми пречи кога шират лаги за мене

Новак Ѓоковиќ во 19:30 часот во Париз ќе игра против Унгарецот Мартон Фучович.

Светскиот рекет број 1 ќе се потруди да сруши уште неколку рекорди.

Пред стартот на турнирот, Новак говореше за актуелните теми поврзани за заминувањето во Австралија и вакцинацијата.

„Благодарен сум што се занимавам со спорт кој е популарен ширум светот. Според истражувањата на АТП, тенисот е трет во светот по популарност, го делиме местото со крикетот. На првите две места се фудбалот и кошарката. Успешен сум во глобален спорт и добивам многу големо внимание од јавноста. Ова може да донесе многу позитивни работи и бенефиции во професионалниот и приватен живот, но има и свое бреме. Имаме влијание на младите луѓе кои гледаат пример во нас и се очекува да дадеме мислење за некои теми. Јас се трудев да бидам подалеку од сето тоа, но кога ќе почувствувам дека треба да кажам нешто – го правам тоа. Јас се држам до своите принципи, човекови права и животни вредности, а тоа е злоупотребено“, вели Новак.

Во врска со Австралија Опен истакна дека ќе донесе одлука кога ќе пристигнат официјални услови од страна на организаторите.

„Што се однесува до турнирот во Австралија, ја чекам официјалната одлука па ќе одлучам дали ќе учествувам. Не размислувам само за себе туку и за сите останати тенисери. Треба да се обединиме за важните работи и да имаме ист став. Доколку го направиме тоа, ќе ни биде многу полесно да постигнеме подобри резултати“, смета Ѓоковиќ.

Новак призна дека ретко чита што пишуваат за него, но некои информации навистина го повредуваат.

„Човек сум, имам емоции. И јас правам грешки, но ме повредува неправдата и кога шират лаги за мене“, истакна Новак и додаде „и покрај тоа, никој нема да ме спречи да се борам за работите за кои сметам дека се исправни“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе