Американецот Рајли Опелка (293. АТП) се пласираше во полуфиналето на турнирот во Бризбејн откако денеска беше подобар од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (7. АТП).

Мечот траеше речиси два часа, а во сетови беше 7:6, 6:3 за Американецот. Опелка, кој по речиси две години пауза поради повреда на рамото, му се врати на тенисот и на првиот турнир забележа една од најголемите победи во кариерата. Во првиот меѓусебен дуел успеа да го победи Ѓоковиќ.
Сервисите на двата тенисера во првиот сет беа беспрекорни без речиси никакви обиди за брејк на двете страни, па мораше да се оди на тај-брејк.
Следуваше вистинска драма во тај-брејкот и три загубени сервиси, од кои два на Ѓоковиќ, кој така го загуби првиот сет.
Опелка одигра брилијантно во остатокот од мечот, а во четвртиот гем од вториот сет го доби првиот брејк од мечот.
Мирно потоа го приведе дуелот до крај, не му дозволи на Новак да се врати во мечот и на крајот оствари заслужена победа.
Така, Ѓоковиќ повторно остана без можност да го освои Бризбејн, титула што му недостасува.
Во полуфиналето на турнирот во Бризбејн, Опелка ќе игра против Французинот Џовани Мпетши Перикар, кој е на 31. место на АТП листата.
Back in the BIG TIME! 🔥
— Tennis TV (@TennisTV) January 3, 2025
Reilly Opelka takes out Novak Djokovic to advance into the semi-finals in Brisbane#Brisbanetennis pic.twitter.com/wP7caWUUnt