ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Ѓоковиќ не научи да губи - гневно го фрли рекетот на трибини

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска не успеа да освои медал на Олимписките игри во Токио, а својата беспомошност на теренот ја покажа на бројни начини за време на мечот за бронзениот медал со Шпанецот Пабло Карењо-Буст.

Имено, на почетокот на третиот решавачки сет, видно исцрпениот Ѓоковиќ сакаше да направи нешто што неговото тело очигледно не го дозволи, па ги загуби нервите.

Откако не успеа да му го земе сервисот на Шпанецот во првиот гем од третиот сет, тој го фрли рекетот на трибините. За среќа, немаше никој на трибините поради пандемијата на коронавирус, па сѐ заврши добро откако Ѓоковиќ навистина непромислено и гневно го фрли рекетот.

URL

Овој настан како да го поремети целосно, па го испушти сервисот во следниот гем, а потоа Карењо го потврди брејкот доаѓајќи до 3:0.

И тогаш Ѓоковиќ го загуби трпението и со рекетот ја изудира железната конструкција што ја држи мрежата.

До крајот на мечот не успеа да се спаси и дојде до заслужен пораз со кој остана без ниту еден медал на Игрите каде беше апсолутен фаворит.

Претходно Ѓоковиќ, откако изгуби од Зверев, демонстративно замина среде давање изјава за медиумите.

URL

Јавноста реагираше на ваквите потези на Ѓоковиќ, со коментари дека еден врвен светски спортист на овој начин не остава добар пример за младите кои се огледуваат на него.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе