Најдобриот тенисер на денешницата и играч со најмногу грен слем титули во историјата објави дека годинава нема да се натпреварува на завршниот мастерс во Торино.
Оваа вест Ноле ја сподели преку социјалните мрежи и објави дека причината за неговата одлука е тоа што не е доволно подготвен да се натпреварува со најдобрите во светот.
„Голема чест е што се квалификував за АТП финалето во Торино. Навистина едфвај чекав да се најдам таму, но поради тековната повртеда нема да можам да играм наредната недела. Им се извинувам на сите што планираа да ме гледаат. На сите играчи им посакувам одличен турнир. Се гледаме наскоро!“, напиша Ѓоковиќ на стори на Instagram.
BREAKING NEWS.
— José Morgado (@josemorgado) November 5, 2024
Novak Djokovic withdraws from the ATP Finals in Turin. pic.twitter.com/bO0o6ZkmEt
Српскиот тенисер годинава го мачат повреди. Се откажа од настап на мастерсот во Мајами поради повреда на менискусот во десното колено. Се опорави, но повторно го мачеше коленото па од Ролан Гарос се повлече во четвртфиналето. Потоа се одлучи за операција. На Вимблдон играше со бандажирано колено и стигна до финалето каде загуби од Карлос Алкарас. Потоа на Олимпијадата во Париз се сретна со истиот противник и за прв пат освои олимписко злато. Зеде заслужен одмор од мастерсите во Канада и Синсинати, а поради истата повреда не играше и на мастерсот во Париз кој заврши во неделата.