Ѓоковиќ нема да игра во Монтреал, настапот на УС Опен уште е под знак прашалник

Организаторите на Мастерсот во Монтреал потврдија дека, судејќи по сè, Новак Ѓоковиќ годинава нема да може да настапи на турнирот.

Турнирот започнува на 8 август, а Ѓоковиќ не може да влезе во Канада бидејќи не е вакциниран.

Како што истакна директорот на турнирот Јуџин Лапиер, единствените опции за настап на Ѓоковиќ се тој да се вакцинира или Канада да му даде посебна дозвола за влез во земјата.

„Ќе имаме одличен турнир, таму ќе бидат сите најдобри играчи освен Ѓоковиќ и Зверев. Ги знаеме причините за нивното отсуство“, изјави Лапиер.

Зверев е повреден, додека Ѓоковиќ не може да влезе во Канада, а Лапиер не е оптимист за доаѓањето на Новак и потрагата по петтата титула на тој турнир.

„Или владата на Канада ќе ги промени правилата околу вакцинацијата или тој ќе се вакцинира. Мислам дека ниту едно од тие сценарија не е реално“, додаде Лапиер.

Покрај настапот на Мастерсот во Канада, од истите причини, под знак прашалник се настапите на Ѓоковиќ на турнирите во САД, особено на УС Опен, каде би се стремел да се израмни со Рафаел Надал по бројот на освоени Грен слем титули.

реклама

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

Короната има нов симптом - заразените не се ни свесни дека е од вирусот

Read more

Поранешен бунтовник стана претседател на Колумбија, најави преговори со нарко-бандите

Read more

Што ќе се вози во Русија: Москва како Хавана?

Read more

Тенис

Зверев откри дека има дијабетес и отвори фондација

Read more

Кирјос погоди бабичка, па ѝ подари пешкир

Read more

Тенисер кој фати корона во САД: Не го пуштаат Ѓоковиќ, а сами не ги почитуваат правилата

Read more

Медведев и натаму прв на АТП листата, Ѓоковиќ шести

Read more
 

Спорт

Роналдо додаде причини за заминување од Јунајтед

Читај повеќе
  • play_arrow

Холанд цензуриран поради вулгаризми: Не ми оди јазикот

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот со „ножички“ на Меси ги одушеви и противничките навивачи

Читај повеќе

Баерн радикално штеди: Без гас и топла вода на Алијанц Арена

Читај повеќе

Чави ентузијаст пред почетокот на сезоната

Читај повеќе

Зверев откри дека има дијабетес и отвори фондација

Читај повеќе

Дали „деветката“ во Челси е проколната?

Читај повеќе

Конте: Мразам лажговци

Читај повеќе

Фудбалер на Малме ја пропушти сопствената свадба поради натпревар

Читај повеќе