АТП АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2025

Ѓоковиќ објави слика од повредата: За сите експерти

Макфакс/Кајгана
/ 26.01.2025 / 10:38

Реакцијата на австралиската публика по полуфиналето во сингл за мажи на Австралија опен предизвика многу контроверзии.

Бројни фанови во Мелбурн го исвиркаа Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, бидејќи беше принуден да се повлече од мечот со Александер Зверев по првиот сет. Некои отидоа дотаму што се посомневаа дека освојувачот на 24 Грен слем титули е повреден.

Српскиот тенисер им одговори на сите објавувајќи радиолошка слика од повредата на задната ложа на социјалните мрежи.

„Го оставам ова овде за сите 'експерти' за спортски повреди“.

Ѓоковиќ се предаде во полуфиналето на Австралија опен откако го загуби првиот сет од Александер Зверев.

За време на четвртфиналниот меч со Карлос Алкарас, многумина се сомневаа во повредата на Новак, а на десеткратниот победник на АО очигледно реакциите му дојдоа „преку глава“, па реши да ја објави снимката.

Добросав Мелајац, физиотерапевт кој сега работи со Корентан Муте, зборуваше за снимката што Ѓоковиќ ја објави.

„Врз основа на оваа слика би рекол дека има раптура, и дека не е наивна повредата. Секоја чест како воопшто успеа да одигра еден сет“, рече Мелајац за Sport Klub.

Сликата покажува скенирање со магнетна резонанца.

Повредата го зафаќа левиот заден оддел на ногата на Ѓоковиќ, а објавената слика покажува дека прегледот е извршен во клиниката „Victoria House Medical Imaging“. Клиниката се наоѓа во предградие на Мелбурн наречено Саут Јара.

Снимката е направена на 25 јануари, ден по повредата која го принуди Новак да се повлече од полуфиналето.

реклама

Марс во Водолија им носи среќа на 4 хороскопски знаци

Read more

Нови докази го поместуваат потеклото на Македонското Кралство во 575 година п.н.е.

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Како новиот електричен Citroën ќе чини само 7.990 евра?

Read more

Тенис

Разиграниот Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен

Read more

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Сабаленка го освои Бризбејн

Read more
 

Спорт

Мерцедес го претстави болидот за новата сезона

Читај повеќе

Работнички на две пријателски постигна исто голови колку цела полусезона

Читај повеќе

Андреас Волф ја запре Португалија

Читај повеќе

Алиша Леман има нова љубов, заведе уште еден фудбалер и ѕвезда од ријалити шоу

Читај повеќе

Џеко ќе ја носи десетката во Шалке 04

Читај повеќе

Ќе биде лудило во последното коло од ЛШ: Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето

Читај повеќе

Адетокунбо поостар од кога било за тимот и соиграчите: Нема хемија, нема ништо

Читај повеќе
  • play_arrow

Разиграниот Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен

Читај повеќе

Лукас Ернандес и неговата сопруга обвинети за трговија со луѓе

Читај повеќе