Ѓоковиќ оптимист пред полуфиналето со Надал

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ги сподели своите очекувања пред претстојното полуфинале на Ролан Гарос против 13-кратниот победник на Францускиот опен, Рафаел Надал.

– Ова е сосема уникатен натпревар. Искрено, нема потежок тест од средбата со Надал на земја, во последните фази на Грен слемот, на теренот, каде што постигна голем успех. Секако, на секој наш натпревар има посебна напнатост, дополнителни очекувања. Кога ќе излезете со него на терен, расположението е сосема поинакво. Но, затоа нашето ривалство се покажа како историско, вели Ѓоковиќ.

Србинот истакна дека Надал му е главен ривал во кариерата, а од конфронтацијата со него тој само станува посилен.

-Борбата со Рафа и Роџер ме направи посилен, ми овозможи да разберам каде треба да се подобрам за да го достигнам нивото на кое беа тие кога започнав да играм професионално. Претпоставувам дека ќе го наречам Рафа главен ривал во мојата кариера. Но, квалитетот на тенисот што го покажав во последните три или четири недели на земја – во Рим, Белград и тука – ги додава моите добри чувства. Јас сум сигурен во себе. Верувам дека можам да победам. Инаку не би бил тука. Ќе имаме голема битка, рече првиот светски рекет.

Ѓоковиќ и Надал ќе играат по 58-ти пат во кариерата. Меѓусебниот резултат е 29:28 во корист на Србинот, додека на Ролан Гарос води Шпанецот со 7:1.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе