АТП ВИМБЛДОН 2024

Ѓоковиќ откри што ѝ рекол на принцезата Кејт на Вимблдон, се осврнал и на нејзиниот изглед

Тенисерот Новак Ѓоковиќ во неделата загуби во финалето на Вимблдон од Карлос Алкарас, кој втора година по ред го освои најскапоцениот трофеј во тенискиот свет.

Трофеите на Алкарас и Ѓоковиќ им ги врачи принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која вторпат се појавува во јавноста откако откри дека има рак, а на Вимблдон дојде со ќерката Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон.

Таа со широка насмевка на лицето му го врачи трофејот на Ѓоковиќ, а тој ѝ се поклони, а подоцна и откри што ѝ рекол на принцезата.

„Ѝ кажав дека ми е мило што видов дека е добро, изгледа здраво. Исто така е добра вест за оваа земја и за Вимблдон, што принцезата е таму, се разбира, со членовите на нејзиното семејство. Ѝ даваат голема поддршка на овој турнир. Знам и дека нејзината сестра долго време играше тенис, па тие навистина ја ценат и ја сакаат играта. Го разбираат тенисот, што е одлично. Прекрасно е да се има таква поддршка од кралското семејство“, рече Ѓоковиќ, додавајќи дека е привилегија што повторно се сретнал со принцезата.

Кејт веќе неколку години им дели трофеи на победниците на Вимблдон, како покровител на Ол Ингланд клубот, а таа улога ја наследи од покојната кралица Елизабета II.

Тоа вклучува нејзино присуство на натпреварите за подигање на профилот на турнирот секоја година. Тука е и добротворниот аспект на улогата, поддржан од Фондацијата „Вимблдон“, која бара од неа да посетува локални иницијативи и спортски програми, како и да се занимава со млади луѓе.

Да потсетиме, принцезата на крајот на март преку видео објави дека оди на превентивна хемотерапија бидејќи се лекува од рак, а пред тоа имала и операција на абдоменот. Од католички Божик минатата година Кејт нема никаков официјален ангажман, но на 15 јуни, по операцијата и лекувањето, за првпат се појави во јавноста по повод роденденската парада на нејзиниот свекор, кралот Чарлс.

реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Тенис

Ѓоковиќ откри што би сакал да му пишува на надгробната плоча

Read more

Ѓоковиќ нема да игра на Завршниот мастерс во Торино

Read more

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Read more

Јаник Синер потврди дека е во врска со прекрасната Босанка Лајла Хасановиќ

Read more
 

Спорт

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Читај повеќе

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Читај повеќе
  • filter

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Читај повеќе

Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар

Читај повеќе

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Читај повеќе
  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе