Ѓоковиќ откри со каква повреда се здоби на АО, ќе паузира еден месец

Новак Ѓоковиќ го освои Австралија Опен со победата над Русинот Данил Медведев по игра од еден час и 53 минути, но во средината на турнирот српскиот тенисер почна да се жали на повреда која се влоши.

Денеска потврди дека магнетната резонанса покажа напукнување на стомачниот мускул од 1.7 на 2.5 сантиметри. Првите прогнози се дека најдобриот тенисер во светот ќе паузира најмалку еден месец. Според докторите, повредата не е сериозна, но е потребно време за да заздрави.

Ѓоковиќ изјави дека луѓето секогаш се сомневале и ќе продолжат да се сомневаат во него.

„Тие секогаш ќе се сомневаат во тоа што го зборувам или правам и тоа е во ред, го прифаќам фактот дека не можам на сите да им угодам“, вели тенисерот, пренесе The Age.

За повредата на Ѓоковиќ коментираше и неговиот тренер Горан Иванишевиќ.

„Уште еднаш ќе направи магнетна резонанса за да видиме во каква состојба е. Потоа како тим ќе одлучиме кој ќе биде неговиот следен турнир. Во секој случај, не може да игра само на Грен слемови. Иако, искрено, сега и не е толку важно тоа бидејќи Новак тукушто го освои едниот од четирите најголеми“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе