ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Ѓоковиќ пред ЛОИ: Кога станува збор за Србија, јас тука пресекувам и не се свртувам назад

Новаќ Ѓоковиќ претрпе два тешки удари на Олимписките игри.

Најдобриот тенисер на светот пристигна во Токио за да се доближи до Златниот слем, освојувајќи четири Грен слема и Олимписките игри во истата година. Претходно оваа година, тој беше најдобар на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а во Токио доминираше до средината на вториот сет од полуфиналето против Германецот Александар Зверев.

Меѓутоа, после тоа доживеа необјаснив пад, го загуби полуфиналето, потоа мечот за бронза, а потоа го предаде мечот за бронзениот медал во мешани двојки.

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак, рече дека го советувал својот син да не оди во Токио по напорното лето и освојувањето на два Грен слема. Во гостување во подкастот „Biznis priča“, тој објави преписка со Новак пред неговата одлука да настапи на Игрите.

„Нокс, јас го викам Нокс, ако ти значи мое мислење, мислам дека не треба случајно да одиш во Токио. Прво, тоа е долг пат, поинаква зона, без гледачи, повторно изолација и без гледачи не е тоа, не е Олимпијада. Те сакам, тато“, гласи порака на Срѓан до син му.

Новак не го послуша...

„Се разбира, твоето мислење ми значи, тато. Сакав да ги поминам овие три или четири дена за да видам како ми се чувствува телото и слично. Секогаш брзо се опоравувам и тоа не е голема работа. Патриотизмот е силен во моето срце и мојата глава, тато, ме знаеш. Кога станува збор за Србија, јас тука пресекувам и не се свртувам назад“.

„Луѓе, по оваа преписка со него бев изненаден“, бил во неверување таткото на најтрофејниот тенисер на сите времиња.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе