АТП МАСТЕРС БРИЗБЕЈН 2025

Ѓоковиќ: Се надевам дека ова е годината во која ќе го освојам Бризбејн

Макфакс/Кајгана
/ 02.01.2025 / 14:28

Новак Ѓоковиќ ја почна 2025 година со победата против Гаел Монфис во Бризбејн со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето.

По мечот, Ѓоковиќ беше доста расположен. На прашањето што го држи мотивиран да игра на високо ниво, најдобриот играч на сите времиња одговори:

„Никогаш не сум го освоил Бризбејн. Се надевам дека ќе биде оваа година, затоа сум тука. Играв тука одамна, во 2009 година, а исто така и со српскиот тим на АТП купот. Немам играно многу генерално, но секогаш беше пред полн стадион. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката, секогаш сум ја имал тука“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер во Бризбејн го брка 100-тиот трофеј во кариерата.

„Би било одлично ако тоа се случи. Децата ми рекоа дека морам да имам два различни вида на прослави. Ќерка ми сака да свирам на виолина, а син ми сака да свирам саксофон, па се обидов да ги направам и двете. Тоа е прв пат со моето семејство во Австралија, патот е долг, но тие дојдоа за да бидат со мене. Моето срце е полно поради тоа“.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со Опелка, кој има одличен сервис.

„Имаме неколку одлични сервери на турнирот. Опелка би бил одличен кошаркар. Тој беше повреден неколку години и се мачи многу. Никогаш не сум играл со него. Ќе морам да се движам неколку чекори далеку од основната линија за тој прв сервис, тоа ќе биде сосема поинаков натпревар. Ќе дадам сѐ од себе да се подготвам“, рече Ѓоковиќ.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Тенис

Рафа за најголемиот ривал: Би рекол Новак и Роџер

Read more

Познати првите информации за повредата на Ноле и колку ќе отсуствува

Read more

Синер ја одбрани титулата на Австралија опен

Read more

Ѓоковиќ објави слика од повредата: За сите експерти

Read more
 

Спорт

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе