Дваесет и еднократниот грен слем шампион ќе го пропушти Мастерсот во Синсинати следната недела.
Негово место на жрепката ќе го земе Брендон Накашима, кој претходно мораше да игра со вајлд-карта.
Да потсетиме, според сегашните правила, Новак Ѓоковиќ не може да влезе во Соединетите Американски Држави, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.
Српскиот тренер Горан Иванишевиќ претходно изјави: „Новак ќе направи сѐ за да стигне таму. Можеби ќе му дадат посебна виза“.
На 29 август стартува УС Опен каде Ѓоковиќ треба да брани бодови од пласманот во ланското финале.