Ѓоковиќ си ја отвори душата: Ме претворивте во лошо момче

Во интервју, славниот тенисер Новак Ѓоковиќ си ја отвори душата и изјави дека не постои слобода на говорот, а дека другите го претвориле во лошо момче.

Српскиот тенисер си ја отвори душата во разговор за италијанскиот весник La Stampa. Сè што го мачеше изминатите месеци одлучи да го сподели и притоа беше прилично остар.

„Знам дека некои луѓе мислат дека се занесувам, дека некои работи ги правам бидејќи сакам луѓето да ме сакаат. Не е така, само сакам да си бидам свој, уникатен. Тоа е нешто што денес се губи. Не е возможно да им угодиш на сите, но ако постои политичка коректност, тогаш веројатно можеме да ги искажеме идеите со почит, без омраза, со слобода. Слободата на говор, денес според моето мислење, е само илузија“, изјави Ѓоковиќ.

„Имам еден идеален пример од оваа година, поради сè  што ми се случи околу вакцината. Изразив слобода самиот да одлучам што ќе правам со моето тело и одеднаш бев етикетиран како антиваксер, а не сум тоа. Ако не припаѓаш на општиот начин на размислување, брзо стануваш лошо момче. А, тоа не е добро“, изјави Новак.

Иако е во борбата за најдобар тенисер на сите времиња, најважно му е да биде добар човек.

„Имам соништа, некои се многу големи. Најголемиот ми е да им бидам татко на Стефан и на Тара. Да разберам што значи да бидеш татко, да читаш, да дискутираш. Тоа е како работа, бидејќи никој не е роден како родител, често се фокусираме на тоа да ги учиме децата, како да ги воспитуваме, како да го градиме нивниот карактер. Верувам во фундаментални работи, работа на себе, учам да бидам смирен кога ме напаѓаат и критикуваат, учам да направам предност од моето искуство. Истражувам кои се најважните работи за децата, не само за себе. Тоа се работи за кои секој ден размислувам“, вели тенисерот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе