Ѓоковиќ со критики за допинг скандалот на Синер

Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ, ги повика светските тениски власти да го преиспитаат антидопинг системот и да се фокусираат на „отстранување на недоследностите“ за време на АТП турнирот во Доха.

Тој беше особено критичен кон третманот на големите ѕвезди, како Јаник Синер и Ига Швјонтек, во споредба со пониско рангираните играчи, пренесува AFP.

Во светот на тенисот сè уште одекнува одлуката на Светската антидопинг агенција (WADA), која постигна договор со првиот тенисер на светот, Италијанецот Јаник Синер, откако во неговиот примерок во март 2024 година беа откриени траги од клостебол. Овој анаболички стероид, забранет во спортот, го поттикнува растот и развојот на мускулите преку зголемување на синтезата на протеини, што доведува до зголемување на мускулната маса.

Договорот меѓу Синер и WADA предвидува тримесечна суспензија за 23-годишниот Италијанец, троен освојувач на Грен слем турнири. На првиот рекет на светот му се закануваше двегодишна суспензија, но WADA не се одлучи за најстрогата казна. Синер ќе може да се врати на натпреварувањата кон крајот на мај.

Пред неколку недели, WADA одлучи да не се жали на едномесечната суспензија изречена на втората тенисерка на светот, Полјачката Ига Швјонтек, по позитивниот тест на триметазидин - забранета супстанција која се користи во медицината за лекување на срцеви заболувања. Оваа супстанција го зголемува протокот на крв во срцето и го подобрува метаболизмот на глукозата, што може да ја зголеми издржливоста.

„Повеќето играчи со кои разговарав во соблекувалната, не само последниве денови туку и последниве месеци, не се задоволни со начинот на кој беше воден целиот процес", изјави поранешниот прв тенисер на светот и сопственик на 24 Грен слем титули во сингл.

Ѓоковиќ се врати на натпреварувањата во Катар три недели откако поради повреда мораше да го предаде полуфиналниот меч на Австралија опен.

„Повеќето играчи сметаат дека ова не е фер. Повеќето веруваат дека имале поповолен третман. Изгледа како да можеш да влијаеш на исходот ако си врвен играч и имаш пристап до најдобрите адвокати. Има толку недоследности во овие случаи. Време е сериозно да го преиспитаме антидопинг системот“, додаде моментално седмиот играч на светот, придружувајќи се на критиките што ги изразија бројни играчи по објавувањето на договорот меѓу WADA и Синер.

Здружението на професионални тенисери (PTPA), синдикат на играчи што Ѓоковиќ го суспендира во 2021 година, веќе на платформата X ја осуди „неприфатливата пристрасност“ во одлуките на антидопинг телата.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Тенис

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Read more

Свитолина: Би војувала, но вака сум покорисна, собрав 1,5 милиони евра помош

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Читај повеќе

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Читај повеќе

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Читај повеќе

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Читај повеќе

Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Читај повеќе

Милевски ги одреди стартните единаесетмина за мечот во Вадуц

Читај повеќе