Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа ја отвори новата сезона, а на стартот на АТП 250 турнирот во Бризбејн во два сета беше подобар од домашниот тенисер Ринки Хиџиката.
Ѓоковиќ победи против Хиџиката со 6:3 и 6:3 и со тоа обезбеди пласман во осминафиналето на првиот турнир во новата сезона. Да потсетиме, српскиот тенисер веќе беше на теренот и победи, но во двојки вчера со Ник Кирјос.
Сè започна рутински за Ѓоковиќ, кој веќе во вториот гем од првиот сет направи брејк и лесно поведе од 3:0, кое без проблеми го сочува и првиот сет го доби со резултат 6:3.
Вториот сет донесе многу поголема борба и можеби неочекувано добар отпор од Австралиецот. Сепак, во клучниот седми гем од вториот сет, Ѓоковиќ брејкува и остварува рутинска победа на стартот од сезоната.
Hungry for the 100th title 😋
— Tiebreak Tennis (@tiebreaktennis_) December 31, 2024
📸Getty #djokovic #novakdjokovic #hijikata #brisbanetennis #atptour #djokernole #nolefam pic.twitter.com/LbTB6bL8j2
Тоа беше прв дуел на Ѓоковиќ против 73-от светски играч Ринки Хиџиката, кој на турнирот дојде со помош на специјална покана од организаторите.
Интересно, Ѓоковиќ во Бризбејн бара голема годишнина и 100. АТП титула во кариерата. Во второто коло ќе игра против ветеранот Гаел Монфис.