Гола месечина во Аеродром од 10 до 14 септември, стендап настапи за многу смеа и забава

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ 11. пат ќе се одржи во Општина Аеродром од 10 до 14 септември, а овој пат театарските завеси пред публиката ќе бидат кренати во паркот „Авионче“.

Годинешното издание на фестивалот е во духот на стендап настапите на познати актери и комичари, кои се веќе докажани и препознатливи уметници кај љубителите на театарската уметност, како и на добрата смеа и забава, кои традиционално се препознатлив знак за „Гола месечина“.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 10 септември, вторник, кога ќе настапат Антонио Ташковски и Никола Тодоровски.

На 11 септември, среда, публиката ќе ужива со настапот на „Импров група“ и неверојатните Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, а водител на вечерта ќе биде Борјан Стојков.

Потоа, на 12 септември, четврток, за добра забава на публиката ќе се погрижат Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитриевски од „Кабаре Кабает“.

В петок, 13 септември, свој стендап настап ќе имаат Бојан Велевски и Бојан Кирковски, а на 14 септември фестивалот ќе го затворат познатите Мишо Бабиќ од Србија и Марјан Ѓорѓиевски.

Настапите почнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен и неограничен за сите граѓани.

Општина Аеродром и НУ „Театар Комедија“ ве покануваат на уште едно незаборавно дружење и меѓусебно ширење на позитивна енергија.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Култура

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Read more

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Read more

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Read more

„Пар распар“ на Театар Комедија, „Слепци“ на Турскиот театар и независната „Казабалкан“ денес на „Чернодрински“

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе