Кошарка

Голден Стејт може без Дурент, Кливленд немоќен без Леброн

26. февруари 2017 - 12:18 | Макфакс

Во текот на изминатата ноќ се одиграа осум во НБА лигата, шест победи забележаа тимовите кои беа домаќини. Голден Стејт без Кевин Дурент славеа победа, додека Кливленд без Леброн Џејмс загуби од Чикаго. Хјустон и Минесота постигнаа вкупно 272 поени, а Кармело Ентони во последната секунда му донесе победа на Њујорк.

Голден Стејт лесно го надиграа Бруклин со резултат од 112:95, иако во тимот го немаше Кевин Дурент. Стеф Кари со 27 и Клеј Томпсон со 24 поени беа единствените двоцифрени кај победникот.

Кливленд е зависен од Леброн Џејмс, тоа го почувствува на домашен терен по убедливиот пораз од Чикаго со 99:117.

Кајри Ирвинг постигна 34 поени, но не можеше сам против расположените Булси, во чии редови Џими Батлер забележа трипл-дабл од 18 поени и по 10 скокови и асистенции, додека Двејн Вејд беше најефикасен со 20 поени.

Хјустон и Минесота постигнаа рекорден број на поени сезонава, а Ракетите славеа со 142:130. Хјустон постигна 22 тројки од 58 обиди, а до победата го предводеше тимот со 24 поени, додека кај Минесота најефикасни беа Карл-Ентони Таун и Ендру Вигинс со 37 односно 30 поени.

Кармело Ентони постигна поени на 0,3 секунди до крајот на мечот со Филаделфија и на Њујорк му ја обезбеди победата 110:109. Мело натпреварот го заврши со 37 постигнати поени.

Резултати: Сакраменто-Шарлот 85:99, Орландо-Атланта 105:86, Њујорк-Филалдефија 110:109, Мајами-Индијана 113:95, Кливелнд-Чикаго 99:117, Далас-Њу Орлеанс 96:83, Хјустон-Минесота 142:130, Голден Стејт-Бруклин 112:95. 

Коментирај