Голем дел од оние што бараат работа, се молат да не ја најдат

Скопје, 12 април 2019 (МИА) – Околу 190.000 лица се евидентирани во Агенцијата за вработување како невработени, а половина од нив се пасивни баратели односно на секои шест месеци само се пријавуваат во Агенцијата.

Од оние кои бараат работа, голем дел не се појавуваат на интервјуата за работа, а од оние кои ќе отидат на интервју за работа, половина не ја прифаќаат работата.

– Условно се соочуваме со проблем кога еден работодавач бара работна сила. Има ситуации кога од поканетите невработени, 70 проценти не доаѓаат на интервју бидејќи тоа не е задолжително. Од 30-те проценти кои ќе дојдат на интервју, половина од нив одат на интервју кај работодавачот, но најчесто ја одбиваат понудата за работа. Причините за тоа се најразлични, односно не им одговара местото, платата, смената…, истакна денеска на прес-конференција директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.

Таа посочува дека има и ситуации во кои одредено работно место фигурира како слободно, а работодавачот преку оглас веќе го пронашол лицето кое ќе го вработи, така што кога ќе се јават невработените лица за тоа работно место, работодавачот ги известува дека тоа е веќе пополнето. Ова, според Јовановска, создава недоверба меѓу сите чинители на пазарот на труд.

– Во принцип имаме објавено работно место, а работодавачот веќе го има пронајдено лицето кое ќе го вработи, така што невработените лица кога ќе се јават на огласот работодавачот им вели дека веќе е направен избор и невработеното лице веќе ја губи довербата во нашата институција. Работиме на тој проблем и сакаме да дојдеме до една вистинска слика за реални слободни работни места за да почне да се создава доверба меѓу сите чинители. Но, и сите треба да бидеме искрени, односно невработените лица да бидат искрени дали навистина сакаат Агенцијата да посредува за нивно вработување, потоа дали работодавачите навистина имаат потреба од работна сила, а и ние како институција да ги зајакнеме капацитетите да се посветиме максимално на посредувањето, вели Јовановска.

Што се однесува до Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година за негова реализација планиран е буџет од 1,1 милијарда денари, а планирано е да бидат опфатени најмалку 8.500 лица. Успешна реализација од 95 проценти, според Јовановска, имал и Оперативниот план за 2018 година со кој биле опфатени околу 6.500 лица од кои 53 процети беа млади лица до 29 години.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе