Голем интерес за младинскиот предизвик – Генерација без граници, пријавете се!

Вчеравечер, во просториите на Телеком се одржа првиот ИНФО - ДЕН за третиот по ред младински предизвик: „Генерација без граници“ (Generation Unlimited), кој го организираат УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија.

Повеќе од 60 млади луѓе, средношколци и студенти подетално се информираа за годинешниот предизвик, на тема: „Технологија за планетата – Дигитални технологии за справување со климатските промени“.

Оваа година, предизвикот за млади го спроведува Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21. На вчерашниот настан, Марија Василевска од БЛИНК 42-21 зборуваше дека предизвикот е отворен за сите млади од 16 до 24 години коишто ќе се организираат во тимови од 3 до 5 ученици. Таа сподели и неколку факти во врска со климатските промени и важноста од преземање акција на денешните генерации.

На инфо – денот, учесниците имаа можност да слушнат и конкретни примери за веќе развиени мобилни апликации коишто придонесуваат за поздрава животна средина. Имено, Горјан Јовановски, основач на Air Care – Мој Воздух и Стефан Алексиќ, основач на Challenger.mk ги споделија своите лични искуства за развојот на овие мобилни апликации. Тие говореа за начинот на кој ја креирале и имплементирале својата идејата, но и за важноста истата да биде применлива, реално остварлива и одржлива во заедницата во која живееме, но и во други држави.

Во делот за дискусија, младите прашуваа за уникатноста на идеите, поставеноста на нивниот тим, вештините кои треба да ги поседуваат во оваа почетна фаза од предизвикот и сл.

Тие се уверија дека е доволно само да се креира квалитетна идеја, којашкојашто во следните фази ќе се развива со поддршка од стручни ментори, кои имаат долгогодишно искуство во делот на животната средина и ИТ.

Повикот за овој младински предизвик е активен до 14-ти јуни, а во следните денови ќе бидат одржани инфо-сесии и во други градови. Младите можат да се регистрираат на овој линк.

На 31 мај (вторник), од 14:00 часот, ќе се одржи инфо-ден во Струмица, во просториите на Europe House. На 1 јуни (среда), младинскиот предизвик ќе биде претставен и пред средношколците и студентите во Крива Паланка. И овој настан, ќе се одржи во просториите на Europe House со почеток од 11:00 часот.

Младите луѓе секојдневно можат да се информираат за предизвикот преку следење на Facebook настанот: https://fb.me/e/2mQv4pCND.

*Промотивен текст

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе