Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Макфакс
/ 20.01.2025 / 09:37

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера им рече на илјадниците свои приврзаници во Вашингтон дека ќе воведе строги ограничувања за имиграцијата на неговиот прв ден на функцијата и дека ќе дејствува брзо за да ја реши секоја криза со која се соочуваат САД. „До зајдисонце утре, инвазијата на нашата земја ќе биде запрена“, рече Трамп на митингот „Направете ја Америка повторно голема“, ден пред неговата инаугурација.

Remote video URL

Митингот се одржа во преполната арена „Капитал Уан“ во Вашингтон, која е дом на НХЛ тимот Вашингтон Капиталс и на НБА тимот Вашингтон Визарс.

Трамп го повтори своето предизборно ветување дека ќе започне најголема депортација во историјата на САД, во која ќе бидат вклучени милиони имигранти.

„Ова е најголемото политичко движење во американската историја, а пред 75 дена ја постигнавме најголемата политичка победа што нашата земја некогаш ја видела. Од утре ќе дејствувам со историска брзина и ќе ја решам секоја криза со која се соочува нашата земја“, рече Трамп.

„Мерките за безбедност на границата што ќе ги обелоденам во моето инаугуративно обраќање ќе бидат најагресивниот, сеопфатен напор за обнова на нашите граници што светот некогаш ги видел“.

Говорот во „Капитал Уан“ беше првото големо појавување на Трамп во Вашингтон по неговиот говор на 6 јануари 2021 година, кој му претходеше на нападот на Капитол од толпа негови поддржувачи. Трамп рече дека ќе помилува многу од повеќе од 1.500 луѓе кои се осудени или обвинети во врска со нападот. Митингот на Трамп, заедно со неговиот инаугуративен говор денес, може да навести што планира да направи за време на неговиот втор мандат во Белата куќа.

„Утре, сите во оваа многу голема арена ќе бидат многу задоволни од мојата одлука за заложниците од 6 јануари. Мислам дека ќе бидете многу, многу задоволни“, рече Трамп.

Во последните недели Трамп зборуваше, меѓу другото, за преземање на Гренланд и Панамскиот Канал и претворање на Канада во американска држава. Вчера тој рече дека ќе ја укине секоја радикална и глупава извршна наредба на администрацијата на Бајден веднаш по преземањето на функцијата. Тој, наводно, ќе потпише повеќе од 200 извршни наредби и други акти на неговиот прв ден во Белата куќа.

На митингот учествуваше Илон Маск, најбогатиот човек во светот, кој потроши 200 милиони долари за да му помогне на Трамп да победи на изборите и ја предводи работната група за намалување на владините трошоци. На овации од толпата, Маск рече: „Со нетрпение очекуваме да направиме многу промени. Оваа победа е само почеток. Она што е важно понатаму е всушност правење значајни промени… и поставување на темелите за Америка да биде силна со векови, засекогаш и да ја направиме Америка повторно голема“.

реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Свет

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Read more

Што е теоријата Пентагонска пица?

Read more

Нов бран израелски напади во Иран

Read more

Што се пренесуваше на трите мистериозни кинески летови кон Иран?

Read more
 

Вести

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Читај повеќе

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Читај повеќе

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Читај повеќе

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Tетовец возел 190 км/ч, а дозволено е 80

Читај повеќе

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Читај повеќе

Што е теоријата Пентагонска пица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов бран израелски напади во Иран

Читај повеќе

Земјотрес во Охрид

Читај повеќе

Сончево време со температура до 33 степени

Читај повеќе