Голем пад на профитот за Nintendo

Nintendo бележи голем пад на профитот поради слабата побарувачка за конзолите Switch.

Јапонскиот производител на видео игри Nintendo објави дека неговиот профит во првата половина од фискалната година, од април до септември, паднал за 60 отсто на годишно ниво поради слабата побарувачка за неговите конзоли Switch, кои се на пазарот веќе осум години.

Компанијата од Кјото, која стои зад франшизата Super Mario, забележа добивка од 108,7 милијарди јени, или 656 милиони евра, во првите шест месеци од фискалната година, додека приходите од продажба се намалија за 34 отсто на годишно ниво на 523 милијарди јени, или 3, 12 милијарди евра.

Во споменатиот период, Nintendo продаде 4,7 милиони од својата конзола Switch, додека продажбата во истиот период минатата година изнесуваше 6,8 милиони, пренесува AP.

Компанијата сега очекува да продаде 12,5 милиони конзоли во фискалната година што завршува во март 2025 година, додека претходно очекуваше продажба од 13,5 милиони.

Nintendo, исто така, наводно очекува значителен пад на приходите и профитот на крајот на тековната фискална година.

Според прогнозите на самата компанија, годишниот приход од продажба ќе падне за 23 отсто на годишно ниво на 7,7 милијарди евра, а профитот за речиси 29 отсто на 1,84 милијарди евра.

Тагови
реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Read more

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Read more

Гејминг

Days Gone Remastered доаѓа на PS5 на крајот на април

Read more

Hogwarts Legacy меѓу бесплатните игрици во април за PlayStation Plus

Read more

Поскапува PlayStation 5

Read more

Фудбалската игрица Rematch пристигнува на 19 јуни

Read more
 

Гик

Сте се запрашале колку чини нашата благодарност кон четботовите?

Читај повеќе

Научници од САД тврдат дека откриле нова боја: Ја нарекоа оло

Читај повеќе

Големи промени во новите модели на ChatGPT

Читај повеќе

iPhone на преклоп ќе носи потпис на најголемиот конкурент

Читај повеќе
  • play_arrow

Батерија од 8.000 mAh: Новиот Honor ќе издржи користење цел ден и цела ноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Days Gone Remastered доаѓа на PS5 на крајот на април

Читај повеќе

Научници тврдат дека имаат најсилни докази досега за вонземски живот

Читај повеќе

Падна Spotify

Читај повеќе

Што ќе се случи ако не го користите вашиот Android телефон 3 дена?

Читај повеќе