Голем пад на светските берзи, Дедо Мраз заборави да дојде

На светските берзи минатата недела цените на акциите паднаа бидејќи на почетокот на новата година немаше вести кои би можеле да го поддржат натамошниот раст на берзанските индекси, по силниот скок минатата година.

Dow Jones изгуби 0,6 отсто минатата недела, на 42.732 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,5 отсто, на 5.942 поени, а индексот Nasdaq 0,5 отсто, на 19.621 поени.

Во последната година, овие индекси пораснаа силно - Dow Jones повеќе од 13 проценти, S&P 500 повеќе од 24 и Nasdaq околу 30 проценти. Ваквиот силен раст е благодарение на еуфоријата за развојот на вештачката интелигенција, намалувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка и победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, бидејќи се очекува тој да придонесе за растот на економијата со своите политики и спроведување на дерегулација во неколку области.

Сепак, откако ФЕД соопшти дека планира да го забави темпото на намалување на каматните стапки во 2025 година, цените на акциите се под притисок. Поради ова, не се случи ни т.н. „подем на Дедо Мраз“, вообичаениот раст на пазарот на крајот на годината и новата година.

Во првите денови од 2025 година немаше нови значајни вести, а насоката на берзанските индекси главно зависеше, како и лани, од движењето на цените на акциите на најголемите технолошки компании. И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Иако лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,9 отсто, на 8.223 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,4 отсто, на 19.906 поени, а париски CAC 1 отсто, на 7.282 поени.

Тагови
реклама

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Бела снегулка - рецепт за омилениот колач на Јованка Броз

Read more

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Read more

Бизнис

Отпуштања во фабриките низ Германија: Опасно блиску до психолошката граница

Read more

Зајакнува доларот, цената на нафтата расте

Read more

Доларот стагнира, цената на нафтата расте

Read more

Airbnb излезе од кризата: Пријави голем скок на приходите

Read more
 

Вести

Лесновска ликовна колонија во Куманово

Читај повеќе

Низа силни земјотреси на Санторини во текот на денот

Читај повеќе

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Читај повеќе

Зеленски по средбата меѓу Русија и САД: Искрено, не ми е ни гајле

Читај повеќе
  • play_arrow

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Читај повеќе

Рубио по состанокот САД-Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина прифатлив за сите страни

Читај повеќе

Охриѓанец проголтал пакетче кокаин при полициски претрес

Читај повеќе

Се степале војници од Кондово и од Матка

Читај повеќе

Околу 800 лица направиле сообраќаен прекршок вчера – затекнати и пијани возачи, но и без дозволи

Читај повеќе