Хроника

Голем пожар во Карпош

21. април 2017 - 14:06 | Макфакс

Пожар избувна во бараките кои се наоѓаат во близина на СУЦ „Здравко Цветковски“. Пожарот зема замав и е видлив на поголема далечина.

Учениците од училиштето се евакуирани, а постои опасност од експлозија затоа што во бараките се сместени цистерни со гас.

Бараките биле работни простории на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Заводот за урбанизација.

Противпожарните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот. 

Коментирај