Голем пресврт: Дали Путин сака пауза?

Поранешниот воен аналитичар и разузнавач Филип Инграм ја коментираше актуелната ситуација на украинското бојно поле за Sky News.

Инграм тврди дека воената иницијатива сè уште е на украинска страна и покрај постојаното руско бомбардирање.

Тој посочува дека не би било добро Украинците во овој момент да се согласат на мировни преговори, бидејќи тие управуваат со развојот на настаните.

„Имавме извештаи дека трупите кои беа ослободени од Херсон, кои ја преминаа реката Днепар, се прегрупираа и влегоа во регионот Донецк, каде се чини дека се главните руски напори. Имаше тешко гранатирање, многу тешки борби во регионот Донецк“, рече Инграм.

„Русите немаат многу успех во селото Бахмут, каде што ја градат својата одбрана. Немаат голем успех ниту малку посеверно во Кремина“, додава Инграм.

Тој тврди дека Русите се соочуваат со проблемот на одржување на витална рута за снабдување во регионот и како резултат на тоа имаат сериозен недостиг на муниција и квалификуван персонал.

„Путин сака пауза, но Зеленски и Украинците моментално имаат моментум и ги чекаме да ја започнат следната контраофанзива. Разликата помеѓу оваа зима и минатата зима е во тоа што Украинците сега имаат многу опрема од Западот и можат да изберат кога и кога каде сакаат да се борат“, истакнува Инграм.

Сепак, потсетува дека зимските услови ќе играат многу важна улога.

„Но, зимата има влијание, земјата е многу мочурлива, падна првиот снег. Но, таа мочурлива почва ја спречува оклопната формација да маневрира правилно. Ова е подобро за одбрана", заклучува Инграм.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе