Голем противник на Меркел е кандидат за нејзин наследник

Фридрих Мерц, ривал и заколнат непријател на германската канцеларка Ангела Меркел во нејзината конзервативна партија Христијанскодемократска унија (ЦДУ), планира да се кандидира за претседател на партијата, јавуваат светските агенции.

Главниот претставник на десното крило во ЦДУ, по повеќе години центристичка политика на канцеларката, станува можен кандидат за претседател на партијата, по најавата за оставка на актуелната претседателка Анегрет Крамп-Каренбауер која доаѓа во екот на политичка криза, коментираат медиумите.

Новиот претседател на ЦДУ во исто време ќе биде кандидат за функцијата канцелар пред парламентарните избори планирани најдоцна до крајот на 2021 година и така ќе има можност да ја наследи Меркел на канцеларската функција што ја извршува повеќе од 15 години.

Меркел надмоќно го победи Мерц пред дваесет години, потсетуваат германските медиуми.

ЦДУ според анкетите сè уште е најпопуларна партија, иако е во опаѓање.

Фридрих Мерц, 64-годишен адвокат, е решен да се кандидира на партиските избори што би можеле да се одржат пред летото, тврдат весникот Bild и новинската агенција ДПА.

Доколку во следните месеци биде избран за претседател на ЦДУ, Меркел со таков противник во партијата тешко ќе може да го заврши мандатот на канцеларка, кој ѝ истекува во 2021 година.

Тоа може да доведе до предвремени избори.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more
 

Вести

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе