Голем раст на Волстрит

Индексот S&P 500 на Волстрит во вторникот достигна највисоко ниво во последните два и пол месеци, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од силните оперативни резултати од малопродажниот синџир Best Buy и растот на цените на нафтата, кои го поддржаа енергетскиот сектор.

Dow Jones зајакна 1,18 отсто, на 34.098 поени, додека S&P 500 порасна за 1,36 отсто, на 4.003 поени, а индексот Nasdaq 1,36 отсто, на 11.174 поени.

Така, индексите ги вратија сите загуби од претходниот ден, а S&P 500 достигна највисоко ниво од 12 септември.

Силен раст на цената на нафтата и скок на цената на акцијата на Best Buy

Ова се должи, меѓу другото, на силниот раст на цената на нафтата, кој го поттикна енергетскиот сектор. Индексот на тој сектор вчера скокна за повеќе од 3 отсто, по два дена пад.

Силно пораснаа и цените на акциите во комерцијалниот сектор, во просек за 1,2 отсто, што најмногу се должи на скокот на цената на Best Buy, речиси 13 отсто.

Таа компанија вчера објави дека очекува помал пад на продажбата оваа година од претходно проценето, што ги ублажи стравувањата на инвеститорите дека високата инфлација ќе предизвика пад на продажбата во претстојната празнична сезона.

Но, аналитичарите велат дека пазарот е подложен на поголема нестабилност поради помалиот обем на тргување пред празникот Денот на благодарноста, кој многу инвеститори обично го поврзуваат со викендот.

Така, вчера на американските берзи се сменија околу 9,45 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 11,75 милијарди.

Денеска инвеститорите ќе се фокусираат на записникот од последниот состанок на американската централна банка, кој ќе покаже дали челниците на ФЕД ја ублажиле својата реторика за инфлацијата и каматните стапки.

Се очекува централната банка во декември да ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени, по серијата зголемувања за 0,75 поени.

Но, прашање е како ќе се движи инфлацијата во наредните месеци и до кое ниво ФЕД ќе ја зголеми цената на парите.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 1,03 отсто, на 7.452 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,29 отсто, на 14.422 поени, а париски CAC 0,35 отсто, на 6.657 поени.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе