Голем шумски пожар во близина на Атина

Атина, 5 септември 2019 (МИА) – Од копно и воздух, со 138 пожарникари, 44 возила, четири авиони и пет хеликоптери, противпожарната служба се обидува да го изгаси големиот шумски пожар што изби кусо по 2 часот по полноќ во приморското предградие Неа Макри во источниот дел на регионот Атика, jави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот рано утрово е со намален интензитет, но сè уште да биде ставен по контрола, а не претставува опасност за жителите на населбата, иако на почетокот беше во близина на домови, по што подоцна го промени правецот.

Од грчката полиција соопштуваат дека неколку улици, поради пожарот, се затворени за сообраќај на возила.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, министерот за внатрешни работи на Грција, Такис Теодорикакос е во Неа Макри и рекол дека постои огромна мобилизација на сите и смета дека е избегнато најлошото.

Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, за АНА-МПА истакнал дека ова е седми пожар во областа во изминатите девет дена.

Постојат сомнежи дека пожарот бил подметнат.

-Постојат знаци дека пожарот е подметнат, а жителите обвинуваат за чудни потези на некои луѓе, вели префектот на областа Атика, Јоргос Патулис за АНА-МПА и додава дека пожарите не се случајни. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Регион

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more

Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана: Летаат факели и молотови коктели

Read more
 

Вести

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе