Голем шумски пожар во кичевско, пожар и кај Пробиштип

Кичево, Пробиштип, 14 септември 2019 (МИА) – Во моментов во кичевско беснее голем шумски пожар во атарот на селото Колибари, додека сува трева и ниско стеблеста шума во моментов гори во околината на општина Пробиштип.

Месната заедница од ова кичевско село излезе со апел до селаните, особено младите, да се приклучат во гаснењето на овој пожар.

- Противпожарната единица од Кичево веќе е на терен и заедно со месното население се борат огнот да го стават под контрола. Тешкотија преставува непристапниот терен, а таму веќе се и преставниците на шумското претпријатие  „Лопушник”, преставници на Дитекцијата за заштита и спасување и преставници на локалната самоуправа. Во прв план ни е да ги заштитиме куќите и да се стави пожарот под контрола, информира Дарко Гргоски од ППТЕ - Кичево.

Според него се очекува наскоро да интервенираат и авионите за гаснење на пожарот.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, рече дека станува збор за поголема површина и дека во моментов не може точно да се каже колкав простер е зафатен.

Информира дека пожарот се движи кон селата во општина Свети Николе и дека за негово гаснење ангажирани се 23 пожарникари и членови на резервниот состав на противпожарната единица во Пробиштип. Во гаснење на пожарот се приклучуваат и пожарникари од Свети Николе.

Атансов вели дека за пожарот известена е Дирекцијата за заштита и спасување и дека од нив се бара да се вклучат и ЕР тракторите, со цел огнот да не се доближи до првите куќи на селата.

реклама

Македонија

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе