Голем удар за Британија - Honda заминува, отказ за 3.600 работници

Одлуката на јапонскиот производител на автомобили Hondа да ја затвори својата фабрика во Свиндон е „страшна“ за Велика Британија, рече британскиот министер за стопанство Грег Кларг.

Велика Британија соопшти дека е длабоко разочарана од одлуката на Honda да затвори единствената нејзина фабрика за автомобили во земјата.

„Велика Британија е еден од лидерите во развојот на автомобилските технологии и затоа претставува огромно разочарување што оваа одлука е донесена сега“, рече Кларг.

Тој додаде дека станува збор за комерцијална одлука заснована на досега невидените промени на глобалниот пазар.

Honda соопшти дека ги известила вработените за, како што се вели во соопштението, „предлогот“ за затворање на фабриката во Свиндон.

„Honda во Велика Британија ги информираше вработените за предлогот за затворање на својата фабрика за производство на возила во Свиндон и ставање крај на животниот циклус на производство на актуелниот модел во 2021 година“, стои во соопштението од компанијата.

Јапонскиот производител на возила денеска и официјално соопшти дека ќе ја затвори фабриката во Свиндон, јужна Англија каде се вработени 3.600 луѓе, што се смета за голем удар за британската автомобилска индустрија, особено во очи на излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 29 март.

Honda во оваа фабрика лоцирана на 115 километри јужно од Лондон, произведува 150.000 автомобили годишно од популарниот модел Civic.

Компанијата исто така соопшти дека ќе престане да го произведува моделот Civic и во фабриката во Турција од 2021 година, но дека планира да продолжи со работење во таа земја.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе