Фудбал
ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Голем удар за Сити, Агуеро ќе го пропушти големото дерби

7. декември 2019 - 9:46 | МИА

Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро ќе го пропушти големото дерби на Манчестер Сити против Јунајтед, а веста ја потврди менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гуардиола, за време на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.

Ова е огромен удар за тимот, а при негативен резултат, амбициите на Сити да ја одбрани титулата во Премиер лигата ќе бидат многу мали.

– Кун нема да игра, но за наша радост Зинченко тренира последните неколку дена и е подготвен. Сепак, не можам да кажам колку минути ќе игра, објави Гуардиола.

Дербито меѓу двете екипи ќе се игра утре со почеток во 18:30 часот на „Етихад“.

Коментирај