Голема акција за чистење на речиси уништено езеро во Боливија

Голема еколошка акција во Боливија за чистење на загаденото езеро Уру Уру кое во меѓувреме сушата речиси и го испразни.

Езерото Уру Уру се наоѓа на надморска височина од 3.686 метри и е прилично младо, формирано во 1962 година од реката Десагуардеро која поплавила еден вдлабнат простор. Реката инаку ги поврзува езерата Титикака и Поопо.

Езерото пред 2016 година

Со години Уру Уру важеше за голем атуристичка атракција за бродски туризам и поради фактот што беше пребогато со рибен фонд. Но, при една голема суша во 2016 година водата речеси целосно исчезна, а на виделина остана само човековото ѓубре.

До годинава, голем дел од некогашното езеро беше покрен со смет, најмногу пластика од блискиот град Оруро кој е индустриски центар. Додатно, преостаната вода е значително загадена со кадиум, цинк и арсен.

Синоќа локалните жители организираа голема еколошка акција за чистење на коритото кое се надеваат дека наскоро повторно ќе се наполни. Тони ѓубре беа собрани и транспортирани со центрите за рецвиклирање.

„Има премногу пластика која треба да се собере и тоа нема да заврши денес, ниту утре, ќе ни треба долг период за да го исчистиме“, вели активистот за заштита на природата, Маркос Чавес Флорес.

Целта на волонтерите не е само да го отстранат сметот туку и правилно да го сортираат со цел тој да не биде натрупан на друго место, туку да биде рециклиран.

„Лесно е да се собере и да се фрли некаде. Ние издвојуваме работи кои се рециклираат, кои се реупотребливи, или кои лесно се разградуваат, оние коишто се еколошки“, објаснува волонтерката Алисиа Киса.

реклама

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе