Голема антитерористичка акција на грчката полиција: Уапсени двајца мажи и жена, најдено оружје и експлозиви

Атина, 9 ноември 2019 (МИА) – Секторот за антитероризам на грчката полиција во областа Атика од вчера попладне спроведува голема акција во поширокиот регион на Атина, а досега уапсени се три лица, 15 се приведени, а запленето е големо количество оружје, од кое дел било употребено од терористичката „Организација на револуционерна самоодбрана“ во најмалку пет напади во грчката престолнина.

Од грчката полиција соопштуваат дека досега бил извршен претрес во 13 домови, во службата за антитероризам приведени се 15 лица, а уапсени се двајца мажи на возраст од 41 и 45 години, под обвинение дека сториле терористички дела, го прекршиле законот за оружје, а обвинети се и за фалсификување. По истите обвинувања издаден е налог за апсење на уште едно лице, а за поседување оружје уапсена е и 39-годишна жена.

Мажот на 41-годишна возраст бил уапсен и во 2010 година за учество во терористичката организација „Револуционерна борба“ и осуден на казна затвор, но пуштен е на слобода на 12 февруари минатата година.

Паралелно од секторот за борба со тероризам, досега пронашле и заплениле: пет автоматски пушки од типот „калашников“, еден митралез, две пакувања желатински експлозив, два пиштола, четири солзавци, шест детонатори, девет електрични детонатори, два рачно изработени електрични детонатора, едно парче експлозивен материјал (веројатно ТНТ), две пакувања со експлозивен материјал, веројатно желатински експлозив, три рачни гранати и три делови од рачни гранати.

Од спроведената балистичката проверка на пушките „калашников“, засега произлегло дека една била користена при грабеж пред околу 20 дена, додека, пак, друга била употребена во четири терористички напади за кои одговорноста ја презедоа од „Организација на револуционерна самоодбрана“.

Поконкретно, „калашниковот“ бил користен во три напади вез седиштето на ПАСОК во центарот на Атина: пукање на денот на евроизборите на 25 мај 2014; пукање во јануари и ноември 2017 кон полицајците задолжени за безбедноста на канцелариите на партијата, при што во првиот напад беше повреден еден полицаец. Со истото оружје било пукано и кон Амбасадата на Мексико на 31 јули 2017.

Истата организација, според грчката полиција, ја презеде одговорноста и за фрлената рачна бомба во Амбасадата на Франција пред три години кога беше повреден еден полицаец.

Акцијата на секторот за антитероризам, како што соопштуваат од грчката полиција, продолжува.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за полициската акција вели дека намерата на Владата е целосно да му стави крај на „домашниот, грчки тероризам“.

– Сакам да им честитам на секторот за антитероризам, на грчката полиција и на Министерството за цивилна заштита за огромниот успех. Да ја повторам уште еднаш мојата заложба дека крајно и неотповикливо ќе завршиме со проблемот со домашниот, грчки тероризам, нагласи Мицотакис.

реклама

Фотошоп магија: Холивудските ѕвезди позираат со нивните најпознати ликови

Read more

Потресна снимка од Бејрут: Невеста позира во венчаница во момент на експлозијата

Read more

ДИК: Членовите на избирачките одбори ќе добијат за 100% повисок надоместок

Read more

Пет грешки во сексот поради кои изгледате како почетник

Read more

Регион

Вучиќ: Со Приштина сакаме суштински разговори, во септември ќе барам исполнување на договорот за ЗСО

Read more

Турски воени бродови се во борбена готовност крај брегот на Анталија

Read more

Расте бројот на новозаразени во Грција и Албанија

Read more

Грција: Можни се локални карантини, нема отворање на границите за други земји

Read more

Вести

До ОЈО Скопје поднесен соодветен акт за „бесправно градење“ кај „Мавровка“

Читај повеќе

Вучиќ: Со Приштина сакаме суштински разговори, во септември ќе барам исполнување на договорот за ЗСО

Читај повеќе

Во Геријатриската болница уште 10 нови позитивни на COVID-19, сите асимптоматски

Читај повеќе

Филипче: Малиот Илче од Охрид здрав и расположен заминува во мал групен дом

Читај повеќе

ДИК: Членовите на избирачките одбори ќе добијат за 100% повисок надоместок

Читај повеќе

БИРН: СДСМ победи во Twitter војната на изборите

Читај повеќе

На Кипар сослушан сопственикот на бродот што го пренел амониум нитратот во Бејрут

Читај повеќе

Филипче: Се подготвуваат 16 мини инфективни одделенија во кои ќе се прави брза дијагностика на COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во Бејрут: Уапсени 16 луѓе поврзани со експлозијата, протест против владата

Читај повеќе