Голема антитерористичка акција на грчката полиција: Уапсени двајца мажи и жена, најдено оружје и експлозиви

Атина, 9 ноември 2019 (МИА) – Секторот за антитероризам на грчката полиција во областа Атика од вчера попладне спроведува голема акција во поширокиот регион на Атина, а досега уапсени се три лица, 15 се приведени, а запленето е големо количество оружје, од кое дел било употребено од терористичката „Организација на револуционерна самоодбрана“ во најмалку пет напади во грчката престолнина.

Од грчката полиција соопштуваат дека досега бил извршен претрес во 13 домови, во службата за антитероризам приведени се 15 лица, а уапсени се двајца мажи на возраст од 41 и 45 години, под обвинение дека сториле терористички дела, го прекршиле законот за оружје, а обвинети се и за фалсификување. По истите обвинувања издаден е налог за апсење на уште едно лице, а за поседување оружје уапсена е и 39-годишна жена.

Мажот на 41-годишна возраст бил уапсен и во 2010 година за учество во терористичката организација „Револуционерна борба“ и осуден на казна затвор, но пуштен е на слобода на 12 февруари минатата година.

Паралелно од секторот за борба со тероризам, досега пронашле и заплениле: пет автоматски пушки од типот „калашников“, еден митралез, две пакувања желатински експлозив, два пиштола, четири солзавци, шест детонатори, девет електрични детонатори, два рачно изработени електрични детонатора, едно парче експлозивен материјал (веројатно ТНТ), две пакувања со експлозивен материјал, веројатно желатински експлозив, три рачни гранати и три делови од рачни гранати.

Од спроведената балистичката проверка на пушките „калашников“, засега произлегло дека една била користена при грабеж пред околу 20 дена, додека, пак, друга била употребена во четири терористички напади за кои одговорноста ја презедоа од „Организација на револуционерна самоодбрана“.

Поконкретно, „калашниковот“ бил користен во три напади вез седиштето на ПАСОК во центарот на Атина: пукање на денот на евроизборите на 25 мај 2014; пукање во јануари и ноември 2017 кон полицајците задолжени за безбедноста на канцелариите на партијата, при што во првиот напад беше повреден еден полицаец. Со истото оружје било пукано и кон Амбасадата на Мексико на 31 јули 2017.

Истата организација, според грчката полиција, ја презеде одговорноста и за фрлената рачна бомба во Амбасадата на Франција пред три години кога беше повреден еден полицаец.

Акцијата на секторот за антитероризам, како што соопштуваат од грчката полиција, продолжува.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за полициската акција вели дека намерата на Владата е целосно да му стави крај на „домашниот, грчки тероризам“.

– Сакам да им честитам на секторот за антитероризам, на грчката полиција и на Министерството за цивилна заштита за огромниот успех. Да ја повторам уште еднаш мојата заложба дека крајно и неотповикливо ќе завршиме со проблемот со домашниот, грчки тероризам, нагласи Мицотакис.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе