Вирусологот Ана Бранко вели дека коронавирусот постојано се менува, има различни мутации, па затоа има можност да се појави и српски сој, пренесува b92.
Таа апелираше до граѓаните да се вакцинираат бидејќи вакцините спречуваат развивање на тешка клиничка слика и смрт, но не се знае дали спречуваат заразување со коронавирус.
„Последните истражувања на Moderna и Pfizer покажуваат дека вакцинираните воглавно не се инфицираат, но ако се заразат вирусот помалку се задржува во нивниот организам. Луѓето со слаб имунитет имаат продолжена форма на болеста и вирусот подолго време се задржува во нивниот организам. На тој начин настанал британскиот сој. Затоа има голема веројатност да се појави српски сој“, вели докторката.