Голема материјална штета и 37 повредени од попладневните земјотреси во Албанија

Двата силни земјотреси кои попладнево ја погодија Албанија предизвикаа голема материјална штета во повеќе делови во земјата, а последните информации говорат дека лекарска помош поради повреди побарале 37 лица.

Најголема штета е регистрирана на објекти во Драч, како и на возила врз кои паднал дел од градежен материјал од објектите. Во Драч земјотресот поделил на два дела повеќекатница, а една куќа е урната во близина на автопатот Тирана-Драч.

-Земјотресот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, на 30 километри северно од Драч е најсилен до сега по оној од април 1979 година. Почувствуван е во сите делови на Албанија и во соседните земји, наведува телевизијата Ora news.

Тлото во Драч не мирува, по двата силни земјотреси регистрирани се уште неколку со послаб интензитет.

Надлежните упатија апел до жителите на Драч да не се враќаат во домовите поради можноста од нови потреси. Улиците и плоштадите во градот се преполни со народ.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе