Голема победа за текстилниот сектор - прва пресуда за „Намерно предизвикување на стечај“

Штипскиот Основен суд пресуди дека управител на штипската конфекција „Алкон текс“ сторил кривично дело „Намерно предизвикување на стечај“, соопшти на денешната прес-конференција претседателката на „Гласен Текстилец“ - Штип, Кристина Ампева.

Пресудата доаѓа две години од протестите на над 30 текстилни работнички и собирање на докази за овој случај.

Ампева посочи дека ова е прва ваква победа и позитивна пресуда во корист на текстилните работнички во земјава, а воедно е и позитивна пракса на Основното јавно обвинителство (ОЈО) и Основниот суд во Штип. Посочи дека „Гласен Текстилец“ со правниот тим предметот го води од април 2020 година.

– Се работи за конфекцијата „Алкон Текс“ која не исплати плати, придонеси од плати и други надоместоци на околу триесетина жени работнички. Се сеќавате и вие, бевте присутни на тие протести во кругот на фабриката, каде можевте да посведочите за нехуманиот однос на раководството на компанијата кон жени кои целиот работен век го поминале во тој објект, нема да речам фирма бидејќи се менувани имињата низ годините. За истата фирма побаравме помош и ги известивме сите служби, Трудов инспекторат, УЈП, Финансова полиција, МВР односно секторот за економски криминал, а на крајот и ОЈО. Морам да истакнам дека имаше голема респонзивност од страна на УЈП и Државен инспекторат за труд , па дури и има  кривична пријава од УЈП за даночно затајување, вели Ампева.

Забележа дека иако стечајниот управител дозволил затворање на фирмата преку стечајна постапка и не нашол никаква злоупотреба ниту стечајна маса за да се надмират платите на вработените, сепак „Гласен Текстилец“ продолжиле со постапката.

– На крај бевме приморани со сите собрани докази да поднесеме кривична пријава за предизвикување на лажен стечај и други кривични обвиненија кои на крајот беа избегнати поради завршениот стечај, сепак на крајот управителот на „Алкон Текс“ ја призна вината дека предизвикал лажен стечај, а која крајна цел била да не се исплати ништо кон работниците, па повторно е сменето име на фирма која ги презема работниците, бар дел од нив. Ова не е изолиран случај, ова се случува веќе со децении, но за жал немало кој да започне и се спротивстави на вакви криминали со кои се доведува во прашање егзистенцијата на работниците кои земаат најниски плати, но и егзистенцијата на нивните семејства, рече Ампева.

Посочи дека ова е прв случај во кој ОЈО Штип ја оправдало довербата на „Гласен Текстилец“ и на работниците.

– Сега можеме да кажеме дека имаме редок, ептен редок случај на докажан лажен стечај, а мислам и прв во текстилната индустрија. Ова нека е пример за останатите како не смее да се работи, дека сме доволно упорни и нема да застанеме во борбата за работнички права, преку било какви институционални или судски постапки. Оттука, размислуваме да поведеме постапка и против стечајната управителка, бидејќи имала увид во документацијата, исто како што имаа и надлежните институции и истражни органи. Да видеме како дошло до овој стечај. Зошто УЈП и ОЈО најдоа злоупотреби во документацијата, а не најде стечајната управителка. Знаеме дека стечајните управители во овие 30 години ретко кога преку стечајна маса подмириле оштетени работници, а ова ќе е уште еднаш пример да се сетат која е нивната работа, нивната одговорност, од кого се платени и зошто се платени, порача Ампева.

Во пресудата стои дека управителот на фирмата е виновен за сторено кривично дело  Намерно предизвикување на стечај, со што има и условна осуда од 2 години затвор, како и парични глоби. „Гласен Текстилец“ и над 30 работнички продолжуваат со битката, со што преку нова судска постапка ќе бараат исплата на отпремнини, плати и придонеси и други надоместоци од плата, дел од нив останаа без работа неколку месеци пред пензија, а имаше и една бремена текстилна работничка.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе