Европол ја поздрави една од најважните истраги за онлајн злоставување на деца спроведена досега.
Глобално раширената мрежа на сексуално злоставување беше сузбиена од агенти на ФБИ и Европол и беа уапсени стотици осомничени педофили.
Стивен В. Чејс (58) од Флорида е осуден на 30 години затвор за создавање на најголемата интернет страница со детска порнографија на светот на која имало над 150.000 корисници.
Уапсени се вкупно 870 луѓе ширум светот, од кои 368 само во Европа. Досега се идентификувани најмалку 259 сексуално злоставувани деца кои биле спасени од злоставувачи надвор од САД.