Големата сага е решена: Пеп продолжи со Сити, познато е зошто се предомисли

Менаџерот на Манчестер Сити, Жузеп Гуардиола, доцна синоќа го продолжи договорот со клубот на уште две години, што значи дека на клупата на „Граѓаните“ ќе помине најмалку една деценија.

Поминаа 8 години откако каталонскиот стручњак го презеде Манчестер Сити, а потпишувањето на двегодишно продолжување на соработката му гарантира најмалку една деценија работа во која го предводеше тимот до врвот на европскиот и светскиот фудбал.

Гуардиола досега има освоено 18 официјални трофеи, вклучувајќи 6 титули во англиската лига и еден за освојување на Лигата на шампионите. Минатата сезона испиша историја со тимот со тоа што стана првиот тим во историјата на англискиот фудбал со 4 последователни титули.

Каталонскиот стручњак сега ја продолжи соработката со Сити по бројните турбуленции. Во еден момент се чинеше дека ќе си замине, но пресече и реши да остане на клупата на клубот.

„Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона овде и доживеавме неверојатни моменти. Имам навистина посебно чувство за овој клуб и затоа сум среќен што останувам уште две сезони“, изјави Пеп по потпишувањето на договорот и најавата за освојување на нови трофеи.

Иако до пред неколку недели се чинеше дека ќе си замине, Гуардиола се предомисли бидејќи се работи за краткорочен договор, што е навистина реткост во сериозниот професионален фудбал.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Каталонецот решил да ја продолжи соработката бидејќи не е долг договор и би можел во релативно блиска иднина, кога ќе му истече, да преземе некоја репрезентација, на што цели долго време. Заради тоа одби подолг период да соработува со „Граѓаните“.

„Зошто останувам? Па, почувствував дека не можам да си заминам сега. Е толку е едноставно. Не прашувајте ме зошто. Можеби четирите порази беше причината зошто почувствував дека не можам да си заминам...“, вели Пеп, пренесува Џанлука Ди Марцио.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Read more

Фудбал

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Read more

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Read more

Петтолигаш го елиминираше Лион од Куп де Франс

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Читај повеќе
  • play_arrow

Петтолигаш го елиминираше Лион од Куп де Франс

Читај повеќе

Навивачите на Звезда со жестоки навреди го избркаа американскиот амбасадор од Арената во Белград

Читај повеќе
  • play_arrow

Ленард се врати, Клиперс го понижи Бруклин со 59 разлика

Читај повеќе

Македонија и Бразил сензација на стартот на Мундијалот

Читај повеќе

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Читај повеќе