Големи пожари во Атина: На периферијата на градот владее кошмар

Во последните 24 часа избувнаа вкупно 81 пожар, а пожарникарите и понатаму се борат со 40 кои се активни, потврдија грчките власти.

Заменикот на министерот за цивилна заштита, Никос Хардалијас на конференција за новинари соопшти дека најголемиот и најопасниот пожар е оној кој започна вчера по 13 часот и продолжи да гори во северните предградија на Атина: Варибоби, Адамес и Тракомакедонес.

Во гаснењето на пожарот се активирани 520 пожарникари, 17 теренски тимови, а вклучени се и полицајци, доброволци и локални власти. Евакуирани се 315 лица.

Според последните информации, локализиран е пожарот на Кос, додека на островот Евија пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија. Оштетени се 76 куќи, a 15 куќи се делумно оштетени.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ги посети северните предградија на Атина, каде пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот пред ветрот повторно да зајакне.

– На перферијата на градот владее кошмар. Главен приоритет е спасување на животите на луѓето, рече Мицотакис по обиколката на погодените места.

Претходно, грчките пожарникари кои се борат со големиот шумски пожар во подножјето на Парнас, во близина на Атина, денеска рекоа дека се надеваат дека огнот ќе биде ставен под контрола во наредните часови. „Ситуацијата е подобра и се надеваме дека пожарот ќе биде ставен под контрола во наредните часови“, соопшти противпожарната служба.

URL

Мицотакис утрово го посети селото Варибоби, 30 километри северозападно од Атина, каде е најголема штета има од шумските пожари. Десетина куќи изгореа, а бројни објекти претрпеа голема штета. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани од Варибоби и уште две околни села.

Повеќе од 500 пожарникари, со поддршка на хеликоптери и авиони, работат на гаснење на пожарот утрово, а густ чад стигна и до централните делови на Атина.

Температурите во Атина и другите делови на Грција во последните денови достигнаа 42 степени Целзиусови.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе